Реакција

Влада: Подготвени сме за дијалог, но време е и Бугарија да покаже подготвеност

Владата денеска преку соопштение реагира на постапки и изјави од соседна Бугарија, кои, како што се посочува, не се доживуваат пријателски од македонските граѓани. Од Владата додаваат дека имаат разбирање за внатрешната политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но, сметаат дека тоа не е причина за политички пораки за кампањски потреби кои излегуваат од рамката на европските вредности и принципи за почитување на кој е изграден Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Решавањето на сите отворени прашања, нагласуваат во соопштението, е можно само низ дијалог за кој Македонија е подготвена, но оти е време и Бугарија да ја покаже истата подготвеност.

„Со Договорот од 1 август 2017 година, Северна Македонија и Бугарија потпишаа дека ќе обесхрабруваат провокации кои не се во интерес на ниту една страна, дека нема да влегуваат во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои не носат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот наро“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Наместо тоа, се додава, Договорот обврзува да се одржува европски дијалог и да се почитува и применува целосно, вклучувајќи го и темелниот принцип за немешање во внатрешните работи на двете земји. 

„Имаме разбирање за внатрешна политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но, сметаме дека тоа не е причина за политички пораки за кампањски потреби кои излегуваат од рамката на европските вредности и принципи за почитување на кој е изграден Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Таквите тонови не се доживуваат како пријателски од страна на македонските граѓани. Немешањето во внатрешните работи е принципиелен став, а таков став очекуваме и од соседите“, нагласуваат од Владата.

Постигнувањето договори и нашата посветеност на нивната имплементација, велат оттаму, меѓу другото, се потребни за помирување на народите и државите во нашиот регион за да живееме во траен мир, и да развиваме трајно пријателство, како што тоа го правиме со сите наши останати соседи.

„Остануваме посветени на дијалог со Софија и барање на взаемно прифатливо решение за прашањата што се отворија. Република Северна Македонија покажа максимална проактивност и политичка волја да се доразјаснат одредени дилеми и понудивме одговор на повеќе од покренатите прашања. Континуирано работиме на активна имплементација на договорот. Решенијата не се во минатото, тие се во иднината, а иднината бара дијалог, не монолог за внатрешна употреба. Кога станува збор за земја членка на ЕУ и за земја со потврдено признание дека ги исполнила сите услови за почеток на преговори за членство, дијалогот е единствено решение за билатералните прашања и за изнаоѓање меѓусебно разбирање“, се нагласува во соопштението од Владата.

Македонија, додаваат од Владата, е подготвена за тој дијалог и време е Бугарија да ја покаже истата подготвеност.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе