47 седница

Влада: Одобрена првата гринфилд инвестиција вредна 5 милиони евра

Една од мерките донесени денеска на владината седница е и контролата на паралелниот увоз со цел поквалитетни лекови за пациентите. Народниот правобранител доби повеќе овластувања при истрага на кривични дела извршени од полицијата.

На денешната седница владата донесе одлука за согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, со друштвото за трговија, услуги и производство Џемдаг Лајтинг Еуропа. Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст кој беше промовиран непосредно пред Нова Година, вреден 5 милиони евра, и предвидува 100 нови вработувања.

Владата денеска го разгледа и утврди новиот текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно  член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.

Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување на критериуми и тоа со обезбедување сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.

На овој начин се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз и заштита на пациентите од евентуални неквалитетни лекови, заклучи Владата.

Усвоен е и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, со што ќе се овозможи создавање посебно надворешно тело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.

На предлог Министерство за животна средина и просторно планирање, владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за ажурираниот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во Република Македонија.

Ажурираниот национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи опфаќа и препорачува повеќе акции како наредни чекори за исполнување на обврските кон Стокхолмската конвенција и унапредување на животната средина во доменот на овие хемикалии, како што е спречување на неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии, воспоставување контрола при увоз на стара опрема со ризик од хемикалии штетни за здравјето на луѓето и животната средина, формирање и функционирање на собирни центри, центри за третман и преработка на искористени возила, како и други мерки, соопшти владината служба за информирање.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе