Влада: Нема иницијатива за размена на споменикот Воин на коњ со атинскиот Тркач

Не постои иницијатива за размена на споменици, велат од Владата по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ" да замине за Атина, а атинскиот „Тркач" да пристигне во Скопје.

„Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија“, стои во реакцијата од Владата.

Според тврдењата на скулпторот и автор на споменикот „Тркач", Костас Вароцос за грчките медиуми, идејата споменикот „Воин на коњ" да замине за Атина, а атинскиот „Тркач" да пристигне во Скопје била на министерката за култура на Грција, која му била пренесена на средба во Министерството за култура во петокот.

Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе