Влада: Нема барање од Бугарија бугарската етничка заедница да биде вметната во Уставот

Досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти, велат од Владата за „Независен", по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од Владата истакнуваат дека Северна Македонија е граѓанска држава и нашиот Устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.

Владата нагласува дека етничката разноликост е тоа што ја прави земјава препознатлива во светот и со што треба сите да се гордееме. Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група.

Претседателот Стево Пендаровски, како што изјавија од неговиот Кабинет за „Слободен печат", не гледа потреба од какви било измени на Уставот.

„Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот“, ја пренесе „Слободен печат" изјавата од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.
 
Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска, појаснувајќи ја неговата претходна изјава дека нема резерви Бугарите во Северна Македонија да бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, рече дека „нема да да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност".

„Државата ги штити индивидуалните и колективните права и нема да дозволиме, дали поради изборна агенда, дали поради билатерални разлики, некој да ја прикаже државата дека ограничува индивидуални или колективни права. Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат и не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност“, изјави Османи.

Тој синоќа кажа дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе