Влада на РМ: За македонската иднина не одлучува Иванов, туку граѓаните

Владата на Република Македонија со жалење констатира дека претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, пишува во владиното соопштение како реакција на денешното обраќање на претседателот Иванов, кој рече дека текстот на договорот со Грција е штетен и нема да го потпише. 

Во соопштението Владата посочува дека Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација со што, како што е наведено, им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет.

„Иванов не се залага за решенија и не работи за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, а тоа за граѓаните се приоритети од највисок национален интерес. Наместо да ја кочи македонската иднина и да ја турка нашата земја во изолација, најдобро е Иванов сам себеси да се изолира од политичката сцена. Свои сме на своето и тоа конечно е признаено од сите наши соседи, од Република Грција и од меѓународната заедница. Со овој договор се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, еднаш засекогаш”, пишува во реакцијата на Владата на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе