Влада: Ќе го провериме договорот за доделување пари за Тарчуловски, но и сите други

Се бараат сите податоци за сите договори, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски по информациите за владината одлука од 2011 година за доделување пари (5.000 евра месечно) за сопругата на Јохан Тарчуловски за време на неговиот престој во затворот во Хаг.

Joхан и Соња Тарчуловски

„Тоа што го знаеме е дека тој договор што излезе во јавноста е автентичен, меѓутоа дека има и други. Чекаме да ги најдеме сите бидејќи се со постар датум. Во истиот момент кога ќе ги имаме тие ќе бидат предмет на соодветна анализа, да видиме што се случувало, како се случувало и по изнаоѓање на сите и изработка на анализа ќе бидете целосно информирани“, рече Бошњаковски.

Поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година донела одлука со која на Јохан Тарчуловски му е одобрен месечен надомест во износ од 5.000 евра.

Документот со печат и потпис на тогашниот вицепремиер Владимр Пешевски, покажува дека тие средства му се префрлани под ставката – помош на семејството на Тарчуловски.

Таква помош добивало и семејството на Љубе Бошковски. Тогашната Влада донесе одлука за финансирање и на адвокатите на Бошковски и Тарчуловски.   

                                

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе