Владата изрази сочувство до Обединетото Кралство за смртта на кралицата Елизабета Втора

Владата испрати телеграма со сочувство по веста за смртта на кралицата Елизабета II и воедно му изрази поддршка на кралот Чарлс III, досегашен принц, кој по автоматизам ја презеде круната, како и на новата Влада на Лиз Трас.

„Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество калицата Елизабета II.

Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трас, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи“, се вели во пораката од Владата.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе