Влада: Имаме функционален систем за справување со евентуален бран мигранти

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти и на него било заклучено дека Македонија воспоставен систем за одговор за справување со евентуален бран мигранти, сите надлежни институции ги активираат своите оперативни планови.

На состанокот на Управувачкиот комитет, со кој претседаваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и на кој учествуваа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство Венко Филипче, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку, претставници на канцеларијата на претседателот на државата и на Армијата било истакнато дека Владата со соодветно внимание ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите на нашата земја од НАТО и ЕУ.
„Република Северна Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја.
Во 2019 година беше продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници го засилуваат своето присуство и ангажман. Уште во текот на денешниот ден, зголемен е бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница и потврдени се оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти“, пишува во владиното соопштение.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе