НОВИ СОРАБОТНИЦИ ВО ПРЕМИЕРСКИОТ КАБИНЕТ

Влада: Башановиќ е надворешен соработник за економски прашања на премиерот Заев

Лицето Зоран Башановиќ е под договор за ангажирање на надворешен соработник за економски прашања, на одреден временски период во кабинетот на премиерот Зоран Заев, информираат од Владата на Република Македонија.

Во одговорот на прашњата на МКД.мк за позицијата на Башановиќ, од Владата го додадоа и ова:

Сакаме да изразиме жалење што во дел од медиумите во Србија во континуитет се води негативна пропаганда против македонската влада. Во период кога на регионот му требаа иницијативи за соработка, пријателство и добрососедство со цел севкупен развој на патот кон евро-атланските интеграции ние се соочуваме со негативни пропаганди“.

Краткото пребарување по Интернет за искуството на Башановиќ, покажува дека се работи познат естраден менаџер на турбо-фолк сцената во  Србија, а бил и член на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ.

Според српските медиуми, Башановиќ и Заев се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Заев сега со пари на граѓаните ќе плаќа и сомнителни ликови без морален кредибилитет кои си ги ангажира за советници.

„Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјалниот економски советник  на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек  со сомнително минато и дебело криминално досие. Башановиќ како познат менаџер и бизнизмен е фатен  како се впуштил во  кражба на ќебиња во Флорида во вредност од 5.000 долари, за  што и бил уапсен од тамошните власти. Останува нејасно за што ќе го советувааат Зоран Заев вакви клептомански ликови и какви економски совети ќе му даваат? Дали спрегата Башановиќ- Обрадовиќ на Заев треба да му донесе уште еден „бомбона бизнис” со продажбата на ЕЛЕМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе