„Вјести“: Груевски од Црна Гора во Србија го изнеле заменикот на унгарскиот амбасадор и конзулот

Избеганиот Никола Груевски е во Унгарија каде што побара азил, а таму стигнал преку Црна Гора. Територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден преку граничниот премин Добраково, во 22.16 часот. Во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки 55А05 во кој се наоѓале Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, и двајцата носители на унгарски дипломатски пасоши, пишува подгорички „Вјести“, цитирајќи извори од Управата на полицијата.  

Груевски во Црна Гора влегол на 11 ноември, во неделата, во 19.19 часот на граничниот премин Божај и тогаш, според изворите од полицијата, користел лична карта на свое име.

Притоа не се појави никаква заштитна мерка во системот за пребарување, а Груевски бил во автомобил „фолксваген џета“ со регистарска табличка ЦД 1023.

На официјалната интернет страница на унгарската амбасада во Подгорица стои дека Золтан е заменик амбасадор во Црна Гора, а Шаба е конзул.

Весникот потсетува дека на македонските државјани за влез во Црна Гора и Србија им е потребна само лична карта. Во моментот кога Груевски влегов во Црна Гора по него во Македонија не беше распишана меѓународна потерница.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе