Во Атина

Високи тонови на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа

Со високи тонови претпладнево почна пленарната седница во грчкиот Парламентот за ратификација на Договорот од Преспа. Пратениците од Неа демократиа, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката Влада.

Никос Дендиас, координатор на пратеничката група на Неа демократиа, побара да биде доставен македонскиот Устав како што изгледа по гласањето на амандманите, објаснувајќи дека тоа е „неопходен елемент и предуслов за дискусија, зошто треба јасно да сфатиме која ќе биде реалноста ако грчкиот Парламент го изгласа договорот“.  Пратеникот од опозициската партија рече дека она што го доставил алтернативниот шеф на грчката дипломатија е Уставот каков што бил пред да се направат уставните измени. Тој додаде дека Јоргос Катругалос треба да го достави новиот Устав, ако негира, Парламентот да го обврзе да го стори тоа, а ако не постои да стане и да каже дека не постои, јавува МИА.

За комплетниот текст од Уставот говореше и координаторот на пратеничката група на Демократска алијанса, Андреас Ловердос, кој рече дека тие бараат официјален документ, а не текст симнат од сајт. Исто така, од грчката Влада, уште на вчерашниот состанок на комисијата побарал осум документи, а истото го стори и денес. Од документите што ги бара, еден е од Министерството за надворешни работи на Грција, еден од Министерството за одбрана и шест што се однесуваат на Генералштабот на Армијата. Додаде дека овие документи се неопходни, а без овие документи „почнува дискусија со недостиг на информации“.

Според Ловердос, ако владата ги достави документите ќе се види дека постои сериозен проблем што се однесува на двете отстапки што ги направи владата во прашањата со националноста и јазикот.

Од Златна зора и Независни Грци говореа за противуставноста на целиот процес.

Пратеникот од Златна зора, Илиас Касидиарис имаше приговори за вербалната Нота од македонското до грчкото МНР, бидејќи пишувало Република Македонија. Тој рече дека грчката Влада, требала овој документ „да го врати во Скопје, да го искине и да го фрли во канта за отпадоци“. Исто така, спомена дека немало потпис од претседателот.

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, повторно праша дали според договорот соседите „имаат право на самоопределување како македонски народ?“.

По изнесените барања од политичките партии, на пратениците им се обрати алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

Расправата почна во 10.15 по локално време, ќе трае колку што ќе биде потребно, а планирано е за ратификацијата на Договорот од Преспа, пратениците да гласаат утре вечер.  

МИА

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе