АНКЕТА на Телма и МЦМС

Високи 58,8% од граѓаните задоволни од новата Влада

По повеќе од десет години СДСМ е во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев има повисок рејтинг од Никола Груевски, покажуваат резултатите од последната анкета на Телевизија Телма во соработка со МЦМС. 

На прашањето Колку сте задоволни од работата на новата Влада, високи 58,9% одговориле дека се задоволни, 34,9% не се задоволни, 6,2% не знаат или одбиле да одговорат.

Процентот на задоволни граѓани од новата Влада е повисок кај граѓаните Албанци, односно 71,36 отсто, додека кај Македонците тој процент е 54,35. Кај Албанците незадоволни се 21,11%од анкетираните, а кај Македонците 40,22%.

Она што го сработила новата Влада, според анкетата се разликува од очекувањата на граѓаните. За надворешната политика во делот на сработеното се изјасниле 38,5%, 7,7% рекле дека есработено нешто во делот на социјалната заштита, 3,2% во економсиот развој. Но, на прашањето што очекуваат граѓаните, 34,2% кажале дека очекуваат зголемување на вработеноста, 8,6% се определиле за надворешната политика, 18,4 отсто на економскииот развој, 10,4% на здравството. 

Граѓаните добија и прашање како ги гледаат претстојните избори, при што 60 проценти рекле дека ги сметаат за редовни локални избори, 31,3 отсто мислат дека се можна проверка на рејтингот на политичките партии, а 8,7% не знаат  или одбиваат да одговорат. За 69,6 отсто ад анкетираните најголемо влијание врз изборот на локалните избори ќе биде конкретната понуда од кандидатите за градоначалници.

 

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе