Иницијатива

Виножито од универзитетот „Македонија“ во Солун побара изучување на македонскиот јазик

Во програмите на вашиот универзитет треба да го промовирате и изучувањето на македонскиот јазик, јазикот што се зборува кај нашиот сосед и во Северна Грција, пишува во писмото на Виножито, партијата на Македонците во Грција, испратено до ректорот на универзитетот „Македонија“ во Солун.

Во писмото на политичкиот секретаријат на Виножито се потсетува на Договорот од Преспа и признавањето на македонскиот јазик и националноста на граѓаните на „нашиот сосед“ кои сега се и официјално признаени и од нашата земја.

„Знаејќи дека целта на овој универзитет е промоција на знаењето за јазиците, за историјата и културата на балканските земји на универзитетско ниво, сметаме дека е сосема разумно да се изучува и јазикот на нашиот сосед. Ние би сакале да ве замолиме да го претставите и модерниот јазик на кои се зборува и кај нашиот сосед и во Северна Грција и да стане дел од програмата на овој оддел.

Ваквиот потег ќе отвори нови можности за двете академски заедници и за оние кои го зборуваат македонскит јазик како мајчин или како втор јазик за да може да го изучуваат на универзитетско ниво.

Во очекување на вашиот позитивен одговор ви стоиме на располагање за сите детали во врска со спроведувањето на овој наш предлог“, пишува во писмото на Виножито до Универзитетот во Солун.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе