Македонија-Грција

Виножито му пиша и на Вартоломеј: Македонски јазик во грчките цркви

Како православни христијани, етнички Македонци во Грција, бараме во нашите цркви да може да се применува и нашиот мајчин современ македонски јазик, кој припаѓа на поширокото семејство на јужнословенските јазици чија азбука е измислена во 9 век во Солун, од светите Кирил и Методиј, пишува во писмото кое Виножито, партијата на Македонците во Грција го испрати до цариградскиот патријарх Вартоломеј.

„Посакуваме да може литургијата да се изведува и на македонски јазик во регионите на Грција каде што живеат македонските православни христијани, граѓани на Грција“, се вели во писмото во кое се даваат и историски податоци за постоењето на македонското малцинство на територијата на Грција.

Виножито потсетува на грчката репресија од почетокот на минатиот век во однос на преименувањето на македонските села, на прогоните, на насилната промена на личните имиња, на уривањето на македонските православни храмови, на уништувањето на натписите на кирилица...

„Затоа се обраќаме директно до Вас преку нашиот политички претставник Виножито и ве молиме да се грижите и за нас и да ги прифатите нашите барања.

По ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, ние веруваме дека дојде време да се стави крај на неправдата врз домородното македонско малцинство, македонските православни христијани, етнички Македонци на територијата на Грција, за да можеме да си ги извршуваме нашите верски должности на нашиот јазик... Сакаме нашите луѓе да можат да пеат и да слушаат молитви на нашиот мајчин современ македонски јазик и да ги крштаваат нашите деца со нашите традиционални имиња - Зора, Софка, Стојанка, Борис, Златан, Дора, Стојко, Томе, Борка, Гоце, Велика, Кирил, Славе, Трајко, Стојан, Петко, Цвета, Трајчо, Трајанка, Ристо, Петко...“, се вели во писмото на Виножито до цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Партијата на Македонците во Грција испрати писмо и до универзитетот во Солун со барање за отворење на катедра за македонски јазик.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе