Виножито ќе учествува на евроизборите во Грција со пораката „не плашете се, кажете им на децата дека се Македонци“ (ВИДЕО)

Партијата на Македонците во Грција, Виножито, како членка на Европската слободна алијанса (ЕФА - алијанса на партиите на малцинствата во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција.

Виножито го помина филтерот на Вpxовниот cyд на Грција и таа ќе биде една од 40-те партии кои ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.

За овие избори Виножито подготви и видео спот. Пораката на овој спот е следна: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе