Претседателски избори 2019

Видео порака на Жозеф Дол: Поддршка за Сиљановска, правда е она што му треба на вашиот народ

Претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова. Правда – тоа е она што му треба на вашиот народ, се вели во видео пораката на Дол.

„Правда значи независна судска власт, воспоставување на владеење на правото и безмилосна борба против корупцијата. Правда значи почитување на меѓународното право и на добрососедските односи во регионот. Правда значи мирен соживот и еднакви права за сите етнички заедници и сите групи во општеството. Само така вашата земја ќе може да оди напред на нејзиниот евроатлантски пат. Само така ќе може да привлече инвестиции, да создаде работни места и да се развива. Само така ќе може да им гарантира иднина на нејзините граѓани, особено на најмладите, за да не мора повеќе да ја напуштаат својата земја. Правда значи исто така фер, слободни и транспарентни избори. Избори кои ќе им овозможат на сите учесници да се борат подеднакво. Изборите ќе треба целосно да ги почитуваат сите меѓународни критериуми. Од тоа зависи имиџот на вашата земја. Правда, тоа е она што го ветува Гордана ако ја изберете. И каква убава порака ќе испратите ако изберете, за првпат, жена на чело на вашата земја!

Пријатели, ЕНП и Европа се секогаш со вас! Вашето место е во Европа. Но, патот до Европската Унија поминува преку 3 задолжителни крстосници: владеење на правото, независно судство и борба против корупцијата. За таа цел, треба да се спроведат реформите кои вашата земја ги чека толку долго. Затоа, апелирам до вас: на 5 мај, излезете да гласате. Не се лишувајте од тоа фундаментално право кое историјата долго време ви го ускратуваше. Тоа е ваша демократска должност. Земете ја иднината во свои раце, дозволете ѝ на вашата земја да напредува. Како претседател на ЕНП, најголемата европска партија, ви посакувам многу успех вам и на Гордана“, порача претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе