Вице Заев: Објавените разговори се лаги од трети лица

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев.

Тој реагираше на аудиснимката, која денеска е објавена и на нов Јутјуб канал, насловен како „Вице мафијашот". Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли".

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе