Верувам дека пописот ќе биде успешен, ама да не избрзуваме, вели Заев

„Лично верувам дека пописот ќе биде успешен. Сепак, да не избрзуваме, имаме уште десетина дена. Влеговме во третата етапа, остануваат уште 15 дена да се попишува и верувам дека пописот ке биде успешен. Благодарен сум на граѓаните кои учествуваат и верувам дека така ќе биде и до самиот крај“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој упати комплименти до сите попишувачи, до Заводот за статистика и до сите стручни луѓе кои работат внатре, како и до македонски Телеком, кој што е повикан да помогне, но и сите други ИТ експерти од државните иснтитуции кои се вклучени да помогнат.

„Системот, како што знаете е сериозно нападнат од хакери. Тоа го знаеме сите. Секако работат повеќе од пет илјади попишувачи и тука истрагата не може да даде конкретен резултат, важно е што се ставаат соодветни блокади и досега пописот продолжува успешно да функционира“, рече Заев по одбележувањето на јубилејот, 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите, во одговор на новинарско прашање.

Тој потсети дека во просек дневно има околу сто илјади попишани, а надмината е бројка на милион попишани граѓани.

„Во просек имаме околу сто илјади попишани. Ја надминавме бројката од милион и 37 илјади граѓани кои се попишани, тоа можам да констатирам дека е успешен. Фокусот мора да остане пред се на стручните луѓе, на ИТ техничарите кои се позадинска поддршка на попишувачите кои што одат од куќа на куќа, од дом на дом, но и се морална стабилност и на граѓаните, оти ако системот паѓа и навистина не можете да го завршите попишувањето, се создаваат нервози, непријатни ситуации или слично“, рече премиерот

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе