Венко Филипче нов министер за здравство

Неврохирургот Венко Филипче, кој е актуелен советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев, ќе биде новиот министер за здравство, потврдија неофицијално владини извори.

Филипче, во изјава за НоваТВ потврдил дека му било соопштено дека ќе ја преземе министерската функција.

„Да, ми соопштија во Владата, но сето ова треба да се официјализира во Собранието“, изјавил Филипче.

Се очекува Владата да го достави предлогот до Собранието заедно со предлозите за останатите испразнети места за министер без ресор и заменик-министер за образование и наука. Со тоа по двомесечна пауза ќе се пополни изпразнетото место по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој беше избран за градоначалник на Гостивар.

 

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе