Филипче, во изјава за НоваТВ потврдил дека му било соопштено дека ќе ја преземе министерската функција.
„Да, ми соопштија во Владата, но сето ова треба да се официјализира во Собранието“, изјавил Филипче.
Се очекува Владата да го достави предлогот до Собранието заедно со предлозите за останатите испразнети места за министер без ресор и заменик-министер за образование и наука. Со тоа по двомесечна пауза ќе се пополни изпразнетото место по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој беше избран за градоначалник на Гостивар.