Венко Филипче е нов министер за здравство

Со 62 гласа „за“, еден воздржан, и ниту еден „против“ Собранието  попладнево го избра Венко Филипче за министер за здравство. Филипче ќе го заземе местото на Арбен Таравари, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Гостивар.

Премиерот Зоран Заев пред пратениците образложи дека поради локалните избори, а заради правото на избор на тогашниот министер за здравство Арбен Таравари да биде кандидат за градоначалник му престана мандатот и оти за нов член на Владата кој ќе раководи со ресорот здравство го предлага Венко Филипче.

„Се надевам дека денеска Парламентот ќе донесе одлука за избор на министер со што Владата би била комплетирана“, рече Заев. 

На собраниската седница на која беа присутни вкупно 69 пратеници, за министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата на Ромите е избран Аксел Ахмедовски, на местото на Самка Ибраимовски, а Власте Димковиќ беше разрешен од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и на негово место беше именуван Благе Цветковиќ. За заменик министер за образование, пак, беше избран Арбр Адеми. 

На почетокот на седницата беа констатирани оставките на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, како и на членовите на ДИК Атанас Урумов, Игор Милев, Субхи Јакупи, Виолета Дума, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Ним, како што наведе претседателот на Собранието Талат Џафери, им престанува функцијата и ангажманот во ДИК на лично барање, а пред истекот на мандатот. 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе