Законот за јазици ќе биде испратен во Венеција

Венециската комисија смета дека украинскиот јазик е основа за кохезија на украинското општество

Сите забелешки и предлози на експертите на Венециската комисија на македонскиот Закон за употребата на јазиците ќе бидат прифатени и применети. Ова го велат од Владата пред испраќањето на веќе изгласаниот закон на рецензија на ова советодавно тело на Советот на Европа. Експертите на Венециската комисија за нацрт-законот во Украина се согласиле дека украинскиот јазик е основа за кохезија на украинското општество и за заемно разбирање на нејзините членови.

Коалициските партнери во Владата на Република Македонија се договориле дека ќе ги  прифатат и ќе ги имплементираат сите забелешки што ќе ги даде Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците. Од Владата информираат дека сите препораки од Венециската комисија ќе бидат инкорпорирани во законот со амандмани.

Миле Бошњаковски, владиниот портпарол вели дека Законот за употреба на јазиците ќе биде навремено испратен и дека е постигнат политички договор помеѓу коалициските партнери да ги прифатат и да ги имплементираат сите забелешки што ќе ги даде комисијата.

Главната дилема за овој законски проект, според македонските експерти е усогласеноста на законот со Уставот на Република Македонија и со стандардите на ЕУ.

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија исто така очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венециската комисија и дека спроведувањето на законот мора да биде во согласност со европските стандарди.

Според мислењето за употребата на украинскиот јазик во Украина, Венециската комисија смета дека „втората цел на предлог-законот е 'зајакнување на статусот на украинскиот јазик како еден од клучните компоненти на националниот идентитет на украинскиот народ и гаранција за нејзиниот национален суверенитет'. Оваа цел е во целосна согласност со членот 10 од Уставот.... Како Венециска комисија, разбираме дека членот 10 беше воведен во 1996 година во Уставот на Украина како уставно изразување на волјата за заштита и промовирање на украинскиот јазик како основа за кохезија на украинското општество и заемно разбирање на нејзините членови“, пишува во мислењето на Венециската комисија од 30 март 2011 година на предлогот на законот за јазиците во Украина.

И во една друга ситуација за употребата на украинскиот јазик во образованието, во декември 2017 година, Венециската комисија објави дека е легитимна и препорачлива целта на државите да го промовираат зајакнувањето на употребата на државниот јазик од сите нејзини граѓани и да презема акции тој јазик да биде изучуван од сите, како начин за решавање на постоечките нееднаквости и за поедноставно и поефикасно интегрирање на лицата кои припаѓаат на националните малцинства во општеството.

А.Д.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе