Венециската комисија го одложи објавувањето на препораките за Законот за јазиците

Мислењето за Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија на Венециската комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венециската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот на Северна Македонија, да го разгледа, во поглед на неговото усвојување, нацрт-мислењето (ЦДЛ (2019) 031) за законот за јазици (ЦДЛ-РЕФ (2019) 019), изработени врз основа на коментари од Кинер, Велаерс, Вермеулен и Шеу (експерт ДГ-II).

Причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур не се наведуваат, иако тој се уште стои на дневниот ред на комисијата.

За време на состанокот во Венеција предвидена е и размена на мислења со Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

ТВ 24 денеска објави дека македонската Влада побарала од Венециската комисија да го одложи кончениот став за Законот за јазици. Извори од владата брифираат дека освен одложување на заклучоците, побарани се и дополнителни консултации за делови од законот, кои, според првичните забелешки на експертите на Комисијата кои на 5 и 6 септември беа во Македонија, се неспроведливи и потребно е да се ревидираат.

Дека заклучоците ќе доцнат денеска најави и вицепремиерот Бујар Османи, кој не сакаше прецизно да одговори дали ДУИ ќе ги прифати забелешките и ќе дозволи нова интервенција во законот. За него, законската рамка е добра каква што е и го заокружува Рамковниот договор, а секое враќање назад вели, ќе донесе и нови преговори.

Премиерот Зоран Заев, пак, денеска изјави дека сите забелешки на Венециската комисија ќе бидат имплементирани.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе