Мислења за секоја земја посебно

Венециска комисија: За време и по вонредна состојба најбитно е да не се злоупотребува власта

Венециската комисија во случајот со вонредната состојба во Грузија ја поддржува уставната одредба на земјата за одржување избори најмалку 60 дена по завршувањето на вонредната состојба. „Изборите бараат мирна политичка атмосфера и целосно остварување на сите слободи и човекови права и услов за целосна гаранција на јавниот ред и безбедност“, пишува во препораката на Венециската комисија. Ова е дел од материјалот на Советот за Европа базиран на мислењата и препораките на Венециската комисија за заштита на демократијата и човековите права за време на вонредни состојби по државите.

Се разбира, овој материјал издаден на 16 април е поврзан со актуелната состојба по државите членки на Советот на Европа во врска со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Венециската комисија смета дека парламентарниот живот треба да продолжи и во текот на вонредна состојба и дека парламентот не треба да се распушти за време на остварувањето на овластувањата за вонредни состојби. Овие ограничувања ја спречуваат извршната власт да ја користи вонредната состојба како изговор за ограничување на правата на опозицијата.

Овој документ на Советот на Европа е збирка на извадоци од извештаи/студии на Венециската комисија за вонредни овластувања и вонредни состојби и за мислења специфични за одделни земји. Овие мислења треба да претставуваат само референтна рамка за секој случај посебно.

„Извештаите цитирани во овој документ се однесуваат на одделни земји и ја имаат предвид специфичната ситуација таму. Затоа, овие мислења не мора да бидат применливи во други земји. Но ова не значи дека препораките содржани во нив не можат да бидат од значење и за другите системи“, пишува во документот на Советот на Европа.

А.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе