По вчерашната конститутивна седница

Вељаноски: Собрание во нефункционален вакуум

Собранието без избран претседател е неефикасно, бидејќи не може ниту да се закаже нова тематска седница, ниту да се носат закони што е неговата основна надлежност. Кој е одговорен за ваквиот исход што Собранието го држи во нефункционален вакуум - дали е тоа претседавачот кој согласно Деловникот ја свикал и водел седницата или некој друг, вели по вчерашната конститутивна седница на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот прв човек на законодавниот дом.

„Кои заклучоци може да се извлечат од вчерашната конститутивна седница на Собранието на Македонија? Прво, истата сеуште не е завршена, туку е прекината после втората точка верификација на мандатите на избраните пратеници. Немаше формирање ниту на Комисијата за избори и именување, ниту предлог од таа комисија за избор на претседател на Собранието.

Второ, Собранието без избран претседател е неефикасно, бидејќи не може ниту да се закаже нова тематска седница, ниту да се носат закони што е неговата основна надлежност.

Но, битната дилема е кој е одговорен за ваквиот исход што Собранието го држи во нефункционален вакуум, дали е тоа претседавачот кој согласно Деловникот ја свикал и водел седницата или некој друг? После изборите во 2016-та година во соодветниот рок ја закажав и ја водев конститутивната седница на Собранието и навремено побарав од парламентарните групи да предложат членови за формирање на Комисијата за избори и именување. Одговорот на партиите го чекав предолго, дури до март 2017 година, кога се предложи да се формира горенаведената комисија. Најавите од медиумите и сега предвидуваат одредено одлагање на формирањето на Комисијата за избори и именување, кое може да трае одреден период.

Но, Деловникот за жал не му дава на кој и да е претседавач на конститутивната седница ниту капацитет, ниту институционални механизми по однос на динамиката на двете нејзини битни компоненти, а тоа се формирањето на Комисијата за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието. Одговорноста за успешното завршување на овие две точки од конститутивната седница, и од деловничка и од политичка гледна точка, зависи од парламентарните групи и одлуките на политичките партии во процесот на формирање на парламентарно мнозинство. Сѐ додека парламентарните групи не се договорат за претседателот и за членовите на Комисијата за избори и именување и сѐ додека политичките партии не се договорат за собраниското мнозинство, претседавачот со конститутивната седница на Собранието не може успешно да ја заврши седницата, без оглед на неговите лични залагања или собраниско искуство. А сѐ додека Собранието не избере претседател истото ќе биде неефикасна институција, чија вакуум состојба ќе биде само уште еден знак за политичката и институционалната криза во која се наоѓа државата.

И на крајот некого за иста ваква ситуација го судат и прогласуваат за терориста“, се вели во соопштението на Вељаноски.

 

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе