ВМРО-ДПМНЕ

Велјановски: ЈО да отвори истрага за случајот Дака и ШИК Јелак

Триста илјади евра, гратис 2.000 квадрати, 2 милиони евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиони евра за друг, ова е поткупот за бетонската џунгла која овде зад нас ќе никне, а која завршила во џебовите на некој од власта. Дака за оваа работа се видел и со Заев. Ова не се зборови на ВМРО-ДПМНЕ, ова го говори бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, познат по своите анти ЕУ и анти НАТО ставови од снимката која цела јавност ја слушна, а која ние заедно со текст од оваа изјава ќе ја поднесеме до Јавното обвинителство, изјави денеска Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според снимката која беше објавена во медиумите, Дака дал 300.000 евра на Зоран Милески – Кичеец, 2.000 квадрати простор на непознато лице и ветување дека откако ќе го добие ветеното ќе плати уште 4 милиони евра. Заев преку Дака отвора врата за анти НАТО и анти ЕУ политики во државата. СДСМ и ДУИ побрзаа она што сите слушнавме дека Кичеец го вети во снимката да го реализираат. Останува непознато кај кого точно завршиле 4 милиони евра?! Кој политичар од власта за 4 милиони евра дозволи Тетово да биде претворено во бетонска градежна џунгла?!

ЈО не смее да го премолчува очигледниот криминал. Сѐ што слушнавме дека Зоран Милески – Кичеец вети, сега е реализирано. За истата работа, како што слушнавме од снимките, Кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашковски, тогашен генерален секретар на владата и Зоран Заев лично. Постапката за добивање согласност е истуркана во рекорден рок од 7 дена. Во услови кога остатокот од граѓаните и фирмите чекаат со месеци. Сето ова индицира на криминал.

ЈО мора да го испита случајот и да покрене постапка против Зоран Милески – Кичеец, Драги Рашковски и Зоран Заев. ЈО мора да отвори случај за злоупотреба на службената положба и овластување против Драги Рашковски и Зоран Заев согласно чл.353 ст.5 од КЗ. Обвинителството да не спие и да го расветли скандалот. Никој не смее да премолчува очигледен криминал. Законите мора да се почитуваат и спроведуваат, а сегашното премолчување на криминалот, ќе значи одговорност за сите утре“, изјави Велјановски.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе