Собраниска комисија

Вељаноски: Ни на крај памет не ми било да правам дејствија спротивни на законот

Десет години сум бил претседател на ова Собрание и ни на крај памет не ми паднало да направам дејствие спротивно на деловникот, законот и собраниските процедури. Јас три мандати бев претседател на Собранието, искрено сакав да си заминам на пофин и понормален начин, а не со ваква случка. Со овие зборови се обрати ппратеникот и поранешен собраниски спикер, Трајко Вељаноски пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на кој се расправа за одземање на неговиот имунитет.

Вељаноски пред пратениците ги образложи причините зошто се товари за терористичко загрозување на уставниот поредок, поради што Обвинителството побара да биде притворен.

„На 27 април пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста“, изјави Вељаноски, читајќи ги точките од обвинението.

Тој рече дека од обвинителство го товари за 4 дејствија што ги презел на 27 април.

„Мојот телефон бееше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија телефонот. По година дена покренуваат обвинение против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го зедоа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како да сум терорист? Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Во расправата говореше и пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, кој им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека „Груевски ги пуштил низ вода сите“.

„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.

Додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток, Мисовски додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Мисовски, исто така го потсети Вељаноски дека не само на 27 април, туку и на црниот понеделник кога беа исфрлени пратеници и новинари.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски реплицираше дека не се тука да ги ценат околностите што му се товарат во обвинението, туку да расправаат за барањето дали да му се одземе имунитетот.

„Убаво ја опишавте хронологијата на настаните за конститутивната седница, но не може да ме убедите дека од декември до април има само еден месец. Со траењето на седницата 4 месеци ризикуваме да се блокира цела држава. Според мене, треба да постапиме како во сите други случаи кога суд барал одземање имунитет. Да се заврши постапката во суд, а не други институции да се користат во политички цели“, рече Богоевски.

Вељаноски возврати дека треба да има дискусија, а не собранието само како нотаријат да постапува со удирање еден печат на барањето од судот.

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе