Предвремени парламентарни избори

Вечерва прво телевизиско предизборно соочување на Заев и Мицкоски

Денеска во 18.15 часот ќе биде првото предизборно соочување на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на Телевизија 24, објави телевизијата.

Како што се најавува, ќе се дебатира за сет прашања од областа на политиката, правдата, и можности за соочување на аргументите на повеќе теми од економијата.

Бомбашко лето во среде кампања, кој губи а кој добива? Аргументите на маса – можна ли е правна држава со селективна правда? Договорите со Бугарија и Грција како обезличување или како зацементиран идентитет за ЕУ и НАТО? И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ во ек на коронакриза, ветуваат повисоки плати и зголемена економија, реални ветувања или бајки за гласачите, се дел од темите за дуелот што ги најавува телевизијата.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе