Вечерва пристигнува првата група граѓани од Авганистан

На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе пристигне првата група граѓани од Авганистан, соопшти вчерва Владата.

Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека бројката на авганистански цивили, кои работеле за меѓународните организации, што ќе бидат прифатени во земјава флуктуира поради состојбата во Кабул, а граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи нема никаков основ за нарушување на безбедноста и здравјето во делот на оваа оперативна акција.

„Имаше потврда за околу 780 лица, но заради случувањата кои се во Кабул и неможноста да тргнат луѓето од таму и да се заврши оваа мисија таа бројка постојано флуктуира. И МВР и Агенцијата за национална  безбедност и Агенцијата за  разузнавање ги преземаат сите мерки од безбедносен аспект и граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи немаме никаков основ за нарушување на безбедноста во делот на оваа оперативна акција. Од друга страна и Министерството за здравство ги презема сите свои активности и надлежности кои произлегуваат од заштита на здравјето на населението посебно сега во услови на корона вирусот. Ќе се понуди соодветна здравствена нега и вакцинација за тие кои не се вакцинирани“, потенцира Спасовски.

Прецизира дека лицата кои ќе дојдат во земјава ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе