Вечерва пред Владата се протестираше против францускиот предлог

Револтирани граѓани вечерва главно преку социјалните мрежи се организираа и дојдоа пред македонската влада за да го искажат своето незадоволство од т.н. француски предлог за деблокирање на евроинтеграциите за Македонија. Предлогот базиран на бугарските барања е на штета на македонските национални интереси, сметаат граѓаните.

 

Утре во Брисел треба да се одржи Самит на ЕУ на кој е најавено дека ќе отпатува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој денеска уште еднаш изјави дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки. На својот фејсбук-профил Ковачевски изјави дека за тој предлог да биде прифатлив за македонската страна требаат цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека нема да има условување со нови бугарски барања, надвор од преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија. „Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна“, напиша Ковачевски.

Насобраните граѓани порачаа дека се незадоволни во однос на, како што рекоа, сè полошите предлози што пристигнуваат од ЕУ кон Македонија, за кои сметаат дека се неприфатливи.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе