Вечерни новости: Српски криминалци легално одгледуваат марихуана во Македонија

Најмалку пет луѓе од „српското подземје“ купиле земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби, пишува српскиот весник „Вечерни новости“.

Според весникот кога македонскиот премиер Зоран Заев пред нешто повеќе од година дена (април 2018), ги повика сите кои имаат пари да вложат во производување на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно, први на наеговиот повик со пријавиле српските криминалци.

Најмалку пет луѓе од подземјето, со директно купување или преку партнерство со македонските „колеги”, станаа сопственици на плодни полиња со коноп, во оваа држава.

„Но не само крупните криминалци се одлучиле за овој нов вид на „работење“, туку и луѓе чиј бизнис во Србија бил секогаш на раб од законот и меѓународно организирани криминални групи.

Според извор на весникот близок на разузнавачките служби, еден контроверзен бизнисмен од Србија до сега вложил неколку десетици милиони евра во тие насади. Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како што треба. Имаат и 24 часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување и заштита од временски непогоди.

Не е само тој човек од Белград кој вложил пари за производство на канабис, пишува „ Вечерни новости“. По неговите стапки тргнале и нарко-босовите кои се позади решетки. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.

„Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење лек и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедура. Заев изјави дека лично ги подржува ваквите бизниси. Имено, од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив.

Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис, почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Полска и Германија. Низ цела Македонија, но и Хрватска ( е легализирано производството, освен плантажи со канабис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.

„Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат „чисти државјани од оваа земја“, објаснува изворот на „Вечерни новости“.

Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и „чисто“ потекло на нивните пари.

Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.

Следиме се што се случува, посебно движењето на парите, предупредуваат лицата од службите за безбедност за „Вечерни новости“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе