Атина

Вчера со Ципрас, денеска средба на Заев со Мицотакис

Премиерот Зоран Заев, кој престојува во дводневна работна посета на Грција со владината делегација денеска ќе разговара со премиерот Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу. Заев во Атина учествува на 24-та тркалезна маса со грчката влада, организирана од магазинот „Економист“ за борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзиното влијание врз глобалната и европската економија.

Членови на македонската делегација се и вицепремиерите за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На панелот учествуваат и поранешните претседатели на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, поранешниот премиер на БиХ Златко Лагумџија и спикерот на грчкиот парламент Дора Бакојани. Објавено во: Македонија16 Септември, 2020

Од она што до сега пренесоа грчките медиуми, Мицотакис ја коментираше посетата на Заев единствено во контекст на Спогодбата од Преспа. Според Мицотакис, „договорот е затворен, но не е затворена неговата соодветна имплементација“ и овие прашања ќе бидат дискутирани на денешниот состанок на двајцата премиери.

Вчера Заев, заедно со поранешниот француски претседател Франсоа Оланд му беа гости на лидерот на Сириза, Алексис Ципрас. Тој во својот говор во рамки на дискусијата рече дека „Грција повеќе нема проблеми со северната граница како што има со источната“, алудирајќи на тензичниот спор со Турција и дека и оние кои се противеле на Преспанскиот договор сега ја разбрале неговата важност.

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, вчера имаше средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата, одржана на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и високи претставници на компанијата „Гастрејд“, беше изразен взаемниот интерес Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја, соопшти владината прес служба.

„Со покажаниот интерес, за кој од конзорциумот „Гастрејд“ изразија поддршка тоа да биде остварено, Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес“, се наведува во владиното соопштение.

Во текот на минатиот месец дел од овој проект стана и Република Бугарија, преку националниот оператор за природен гас „Булгартрансгас“, а вклучувањето на Македонија во проектот ќе овозможи диверсификација на рутите за пристап до природен гас не само за нашата земја, туку и за Централна Европа.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе