Василевска: Заев и СДСМ не сакаат да спроведат попис, туку да исполнат преземени политички концесии

Владата предводена од Зоран Заев не сака да се одржи попис кој што ќе биде признаен од сите фактори во Република Македонија. Зоран Заев турка проект кој навестува фалсификат, изјави денес пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

„Пописот треба да биде статистичка операција која што треба да даде бројка на резидентно население, а не број на државјани во Македонија, со што тие податоци би биле веродостојни за идно планирање на проектите во државата.

Зоран Заев и СДСМ не сакаат да спроведат попис, туку да исполнат преземени политички концесии. Зоран Заев и СДСМ се упорни да ја сокријат метологијата и анализата на пописните резултати од јавноста, и токму затоа не прифатија методологијата да биде дел од законското решение. Таков попис како опозиција и како ВМРО-ДПМНЕ нема да признаеме.

Тоа сега е кристално јасно по одбивањето на буквално сите амандмани на собраниската Комисија за европски прашања.

Почитувани, не е прифатено главното барање на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е при пописот да се користат читачи на отпечатоци на прсти. Одбиени се сите амандмани кои што значеа прецизирање на поимите „Место на живеење“, „Официјално место на живеење“, „Вкупно население“ и други поими, предложен со цел  утврдување на поимник за значењето на одделни изрази во законот.

Одбиен е и предлогот со кој што би се дефинирале базите на податоци што ќе се користат за пописот, како и обврската на носителите на збирките на податоци да ги ажурираат своите бази на податоци“.

Одбиен е и амандманот со кој што се прецизира и се отстранува можност за манипулација при давањето на податоци за лицата кои се надвор од државава.

Одбиен е и предлогот пописот да го вршат по двајца попишувачи, одбиено е да стои дека јазикот на попишување е македонски или еден од јазиците во Македонија, одбиено е дефинирање на документите за идентификација на лицето кое се попишува и кое што ќе дава информации за отсутните и низа други амандмани кои што ќе влеат сигурност дека пописните резултати се веродостојни.

Притоа морам да нагласам дека се одбиени и амандмани кои значат усогласување на законот со европските прописи, како одбивањето на препораката на ООН за одлагање на пописот за една година заради епидемијата.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на концептот за попишување на државјани, бидејќи пописот не го врши ДИК, туку пописот значи попишување на резидентно население, статистичка операција спроведена од Државниот завод за статистика.

Во име на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, решеноста на власта да поттурне вакво законоско решение за попис на населението во Република Македонија е нерегуларно при што истото е дополнително поддржано од аргументот дека не беше земен во предвид, ниту прифатен ниту еден амандман на целокупната опозиција во Собранието на Република Македонија.

Издвојуваме дека, ако пописот биде спроведен по овој законски текст, тоа нема да биде релевантен попис, а таквите резултати ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае“, , истакна Василевска.

 

                 

                   

 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе