Пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ

Василевска: Пописот нема да биде одраз на реалноста, туку реализација на договорот помеѓу Заев и Ахмети

Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата чиј член е смета дека ова нема да претставува попис на резидентното население, оти тоа нема да биде реален статистички попис, туку реализација на политички договор помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети, односно треба да донесе бенефит помеѓу коалициските партнери.

Заради тоа, рече таа, ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи и за неполни осум дена добивме поддршка од над 100.000 граѓани кои со име и презиме застанаа зад нашиот предлог. Со ова законско решение, рече таа, нема да се дојде до она што е и суштина на пописот и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за негово поништување.

„Потписите се нашиот ветер во грб бидејќи денеска во Собранието почнавме со собирање потписи од пратеници со кои ќе ставиме на седница да се стави закон за поништување на постоечкиот закон за попис. Тоа е она што го избравме како најдемократско средство“, рече Василевска.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не смета дека бојкотот на пописот е добра опција.

„Зошто е сега небулозно да се повика на бојкот, бидејќи се работи за попис и попис е цивилизирана стандардна операција која би требало да одразува сосема други аспекти на внатрешната политичкото и општествено економското живеење на македонските граѓани и оние што живеаат тука извесен период, а не да одразува други политички импликации и промени“, рече Василевска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не се залагале за бојкот. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе