ВМРО-ДПМНЕ

Василевска: Димитров со изјавта за Боки 13 им сврте грб на Заев, Шекеринска, Костадинов...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, соочен со огромниот скандал „Рекет“ и со разоткриениот криминал на власта во кој централен лик освен осомничените е и токму премиерот Зоран Заев, некако како да крева раце и ги пушта низ вода. Тој во Фејсбук статус се правда дека цитирам: „Да бидеме на чисто, бидејќи има премногу сите, јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13“, изјави денеска Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на тоа што Зоран Заев имал и средби, и фотографии и меморандуми за соработка со Боки 13, дали не сметате дека ова не е вртење на грбот и шлаканица на оние кои се во бродот кој тоне. Дали ова не е вртење на грбот на Димитров кон Заев, Шекеринска, Костадин Костадинов, Стефан Богоев кој се сликале, среќавале и склучувале меморандуми со Боки 13 сега осомничен во аферата „Рекет“?

Министерот Димитров треба да одговори дали го споделува ставот за карактерните особини со кој Заев го опиша Бојан Јовановски или тоа го осудува? Кој е пак ставот на Димитров за Заев, Шекеринска, Богоев, Костадинов, Ременска и останатите од СДСМ кои се среќавале и фотографирале, па и соработувале со Боки 13.

Во истиот статус министерот Димитров вели дека имал правилно претчувство за Бојан  Јовановски.

Со оглед на тоа што главниот рекет се одвивал во периодот кога Димитров беше еден од можните кандидати за претседател од страна на СДСМ дали тактизирањето во однос на односот кон Јовановски за кое говори Димитров се должи на претчувство или имал точна информација за криминалните дејства? Ако имал точна информација кој му ја дал и зошто не преземал ништо да се стопира токму таквиот криминал?

Понатаму во истиот статус г. Димитров за трговија со правдата ќе напише цитирам: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста и да се избега од правдата“.

Ако имало трговија со одговорност тогаш тоа може да е само еден, тој што има можност и ресурси за истото. А, тоа е Владата во чиј состав е токму г. Димитров. Нели ова е признание од Димитров дека Владата на Зоран Заев која заедно со Димитров го донесе скандалозниот договор од Преспа, тргувала со правдата за да обезбеди поддршка.

Значи имаме признание од Димитров дека Заев соработувал со луѓе кои правеле криминал и дека истите тргувале со правдата.

Дали ова не е доказ дека по Пендаровски и Димитров го напушта бродот на Заев кој забрзано тоне“, рече Василевска.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе