Васев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим

ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против нашата интеграција во НАТО и ЕУ, изјави Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим и богатење на неколкумина во белиот дворец. Последна потврда за тоа е изјавата на Владимир Ѓорчев, дека Северна Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Прашуваме, дали Влатко Ѓорчев навистина мисли дека земјава не заслужува датум? Дали свесно работи и навива државата да не започне преговори со ЕУ? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се спремни да и штетат на земјата само за политики поени, но не се свесни дека со тоа губат.

Граѓаните се против нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување. Тоа се докажа и во Кратово со слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која освен локалниот партискиот врв на опозицијата не се појавија граѓани. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од граѓаните, кои не дозволуваат одбрана на криминалниот режим. Граѓаните на нашата државата тргнаа по патот на интеграциите и напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во деструктивното однесување и одбрана на криминалот“, вели Стефан Васев од СДСМ.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе