СДСМ

Васев: Спрегата Мериот-Белата палата раководи со ВМРО-ДПМНЕ

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот. Дали во Мериот имало и други средби, со Сашо Мијалков на пример, најповикан е да одговори Христијан Мицкоски. Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните, изјави Срефан Васев од СДСМ.

„Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност. Правдата и силната реакција на институциите го спречија сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков. Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните“, изјави Васев.