Христијан Мицкоски денеска застана зад насилството од 27 април, застана зад својот ментор осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април", рече Васев.
„Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели, се обидел да биде вицкаст. За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц. Ете тоа е Мицкоски, секогаш на браникот на насилството и криминалот, никогаш на страната на граѓаните", рече Васев и додаде дека СДСМ му порачува на Мицкоски дека ова е уште еден пораз за него и дека одговорност мора да има за сите за насилството на 27 април.