СДСМ

Васев: Мицкоски молчи за испумпувањетo пари од ЕЛЕМ

Втор ден молк од извршителот Христијан Мицкоски за скандалот со криминално расипничкото испумпување пари од граѓаните и префрлање во џепови на негови блиски од ВМРО-ДПМНЕ. Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради него, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

„Како тогашен директор Мицкоски прво склучил еден договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, вреден 1.600.000 денари, за период од две години. Но тоа не било доволно и само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари за адвокатски услуги. Само со овие два договори, за пет месеци, Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните. За граѓаните 100% поскапа струја од извршителот Мицкоски, ама за Тошковски 170.000 евра!

Извршителот Мицкоски делувал исто како неговиот шеф Никола Груевски во криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Со сомнителни шеми, парите на граѓаните завршувале кај лица од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа извршителот Мицкоски работеше против Законот за Јавно обвинителство, затоа што се плаши од правдата исто како и неговиот шеф во Будимпешта.

Документите што ги добивме ќе ги предадеме до надлежните институции. Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда“, рече Васев.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе