Грчките власти не го менуваат ставот

Варвициотис: Грција е за почеток на преговори „во пакет“ за Скопје и Тирана

Грчките власти го повторија ставот дека се против раздвојување на Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтијадис Варвициотис на расправата во Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент изјавил дека „се против оние кои сакаат раздвојување на двете држави, оние кои секако, никогаш не стекнаа моментум или нумеричко мнозинство во Советот, а предлогот го доставија мал број земји – членки и тоа на маргините на нивното основно излагање“, јавува МИА од Атина.

Варвициотис ги информирал членовите на комисијата за прашањата поврзани со унијата и заклучоците од последниот Самит на ЕУ и советот за општи прашања.

Во однос европската перспектива на Македонија и Албанија, рекол дека е јасно дека двете земји се во различна фаза, едната е поблиску, другата е подалеку, а она што Грција бара е да се донесе одлука, да се даде зелено светло за почеток на пристапни преговори за двете земји во пакет, истакнувајќи дека „она што е заедничко е временскиот период за почеток“, а секоја земја ќе се оценува според сопствените постигнувања и оценката нема да биде групирана.

„Одвојувањето на двата случаи не ја зајакнува стабилноста на нашата северна граница и може да предизвика неурамнотеженост што ќе создаде тензии кои ние ќе ги претрпиме. Ако можеме да постигнеме да не се раздвои временскиот рок за двата случаи, тоа ќе биде во наша корист“, рече Варвициотис.

Во однос на проширувањето на ЕУ, тој кажал дека целта на Грција е да не се граничи со балкански, туку со европски земји и потсетил дека поддршката на европската перспектива на Западен Балкан беше одлука на грчкото претседателство во 2003.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе