За да немало дестабилизација во регионот

Варвициотис: ЕУ да одобри преговори истовремено и со Северна Македонија и со Албанија

Официјална Атина смета дека Европската Унија треба да даде зелено светло за почеток на пристапни преговори истовремено за Северна Македонија и Албанија и да нема разделување на кандидатурите на двете земји.

Ваквиот став го изнесе алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, со образложение дека почетокот на пристапни преговори само со една земја може донесе дестабилизација на северната грчка граница, јавува МИА од Атина.

„Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји заедно наместо раздвојување“, објаснил Варвициотис пред членовите на парламентарната комисија.

Тој додал дека Грција отсекогаш ја поддржуваше европската политика на проширување за Западен Балкан, „бидејќи смета дека е силно средство за постигнување мир, стабилност и просперитет за поширокиот регион“, но и дека грчката поддршка е нераскинливо поврзана со почитувањето на условите и со „принципите на самите постигнувања на земјите кандидати“.

Варвициотис на денешната седница на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент ги презентирал стратешките цели на грчката надворешна политика, говорел за темите кои што се во негова надлежност, како што се прашањата поврзани со Европската унија, европската перспектива на земјите од регионот, Брегзит и сл.

На комисијата се обратиле и претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставиле прашања до Варвициотис, по што седницата продолжила зад затворена врата.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе