Вартоломеј за ЕРТ: Отстранувањето на шестдецениската шизма е историски момент, влегуваме во нов период

По шест децении, на иницијатива на Вселенската патријаршија отстранета е шизмата со што влегуваме во нов период. Тоа е историски момент, вели вселенскиот патријарх Вартоломеј, додавајќи дека во минатото не успеала посредничката улога на архиепископот на Албанија Анастасиос.

Вартоломеј во интервју за грчката телевизија ЕРТ изразил задоволство од последните случувања во црковното прашање и објаснува дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Македонија и Србија.

„Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања“, вели Вселенскиот патријарх.

Тој објаснува дека конкретното прашање со шизмата, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а многу често доаѓале делегации од нашата црква за консултации, но и барања и од политичкото раководство.

„Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, главно од страна на српската црква и официјално со писмо, го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати“, открива Вартоломеј.

Според него, по „апелациското прибегнување (еклитон) на таа црква кон мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има ова неотуѓиво право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво“, била отстранета шизмата.

„Врз оснава на овој еклитон ја отстранивме шизмата, прогласивме дека влегуваме во евхаристиска заедница со нив. Ја нарековме нивната црква Охридска архиепископија, го исклучивме терминот ‘македонска црква‘ и каков било изведен збор од зборот ‘Македонија‘. Ги ограничивме границите на јурисдикцијата во границите на територијата на Северна Македонија, како што се вика денес и сите дополнителни административни прашања ѝ ги доделивме на Светата црква на Србија, со предуслов, овие останати работи да бидат врз основа на светоканонскиот чин и вековните пракси на целата Православна црква“, истакна Вартоломеј, додавајќи дека Српската црква постапила правилно да се придружува кон одлуката на Вселенската Патријархија.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе