Вархеји: Западниот Балкан треба да биде дел од нашата ЕУ

Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

На денешната средба на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан, ќе учествува и премерот Димитар Ковачевски.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе