Еврокомесарот за проширување во Скопје

Вархеји во Владата раговара за можностите за отворање на преговорите со Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пристигна во Скопје. Тој претпладнево во Владата се сретнал со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа раговарал со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Вархеји во текот на денот ќе има рагопвори со шефот на дипломатијата Бујар Османи, а попладнево се очекува да оствари средби и со претставници на политички партии.

Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера во Софија ијзави дека разочаран што сѐ уште разговара за датум за преговори за Македонија и за Албанија и порача тоа прашање да се реши до јуни годинава. 

Вархеји вчера на средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе