Вархеји во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер ВВархеји ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. За време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што јавува МИА од Софија, во бугарските медиуми не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што додава Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија.

Сите водечки електронски медиуми во Бугарија известуваат за посетата на Европскиот комесар за проширување Оливер Верхеи.

Инаку, ова е втора посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со цисоки бугарски претставници. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе