„Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира – а тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји“, рече Вархеји.
Тој порача дека ЕУ нема ниту време, ниту интерес да се одложуваат првите меѓувладини конференции со Скопје и Софија.
„Сите земји членки треба да ја разберат трансформативната моќ на процесот на пристапување. И ова е пораката што ја носам во Софија повторно, бев тука пред три седмици и ќе доаѓам колку што е потребно за да ова се реши ова прашање во јуни годинава, бидејќи војната во Украина ни покажа дека немаме време за губење ниту интерес да се одложува овој процес“, подвлече Вархеји.
Според него, војната во Украина и лекциите од минатото покажаа дека треба да се забрза процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Унијата.
„Кога го наследивме ќорсокакот во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија ние исто така наследивме регион каде што и економскиот и социјален јаз меѓу ЕУ и регионот е огромен и тоа останува еден од клучните предизвици, да не ги споменуваме и институциналните реформи што треба да се направат,“ додаде Вархеји.
Важно е проширувањето на Западен Балкан да го ставиме во првите пет политички приоритети на ЕУ, рече Вархеји додавајќи дека војната што ја гледаме во Украина веќе е видена на Балканот. Според него, лекцијата е дека целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ ќе придонесе за стабилност и просперитет.
На овој панел „Придобивки од интеграцијата" во рамки на форумот, што го модерираше поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Фередика Могерини, говореше и шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива и оти секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици.