На Економскиот форум во Тирана

Вархеји со порака: Македонија и Бугарија брзо да го решат спорот, Албанија е спремна за преговори

Македонија го одржува темпото на спроведување на реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатераните прашања со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји од Економскиот форум што се одржува во Тирана.

Говорејќи за проширувањето, Вархеји рече дека новата методологија во Унијата влијаела на нацрт преговарачките рамки за Албанија и за Македонија, а земјите членки се уште не постигнале согласност и дискусиите продолжуваат. Тој, сепак, се надева дека првите меѓувладини конференции ќе се одржат што е можно поскоро, за време на Португалското претседателство со Унијата.

„Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на преговорите со ЕУ се исполнети сите услови, благодарение на важните реформи во изборниот закон, владеење на правото и во судскиот систем, вклучувајќи го и ветингот на судиите и обвинителите.

Северна Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече во обраќањето Вархеји.

Тој потсети дека ЕУ ветила дека целиот регион на Западен Балкан ќе биде дел од Унијата, но и дека нивните партнери во регионот ветиле дека ќе испорачаат реформи за тоа да стане реалност.

Реформите, како што кажа, некогаш се одвивале бавно, што беше причина некои од земјите членки да го доведуваат во прашање процесот на проширување и да не се согласуваат тој да продолжи.

„Од друга страна, многу често ЕУ не успеваше да одговори позитивно и едногласно кога партнерите од регионот покажаа резултати во реформите“, призна Вархеји.

 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе