вторник, 23 април 2024

„Рафалите“ стигнуваат во Хрватска: првите шест авиони во четврток слетуваат во Загреб

Првите шест од вкупно 12 борбени авиони рафал Ф3-Р во Хрватска треба да слетаат во четврток, 25 април, а авионите од Франција до базата Плесо ќе ги довозат хрватски пилоти кои околу една година се обучувале во Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со историското прелетување од Бордо до Загреб, во траење од час и 40 минути, пилотите на победничката хрватска војска кои минаа обука во Франција, во четврток во Хрватска ќе ги доведат моќните ловци и нови заштитници на нашиот воздушен простор“, наведе хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека модернизацијата на авионската флота е најголемата инвестиција на владата и министерството за одбрана во безбедноста на земјата.

Хрватската влада официјално во мај 2021 година одлучи од Франција да купи 12 половни „рафали“ по цена од, како што беше тогаш соопштено, 999 милиони евра.

Покрај Франција која има 234 „рафали“, 24 има Грција, а напредуваат и преговорите со Финска. Најмногу купиле Обединетите Арапски Емирати – 80, потоа Египет со 55, Индонезија со 42, а Катар и Индија имаат по 36 авиони од овој тип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ