Вархеји: Преговорите со Северна Македонија и Албанија можат да се отворат за неколку недели

Европската Унија може да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија за неколку седмици, бидејќи двете држави направија напредок во нивните подготовки за членство, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Вархеји рече дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната седмица, е охрабрувачки.

„Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки, рече Вархеји по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.

Истакна дека со извештајот се надева дека ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, и самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Многу се надевам дека ќе почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија во следните неколку недели“, додаде еврокомесарот.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе