Луксембург

Вархеји: Преговорите со Северна Македонија и Албанија останува приоритетно прашање

Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача синоќа еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург.

„Во врска со ситуацијата со Албанија и Северна Македонија, во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен напредок. Ние сме во крајна фаза и ќе продолжиме да работиме со словенечкото претседателство на ЕУ да го заклучиме процесот, а тоа е да ги отвориме првите меѓувладини конференции (со Северна Македонија и Албанија) како приоритетно прашање“, напиша Вархеји на Твитер.

И покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Македонија, Скопје и Тирана на Министерскиот совет во Луксембург повторно останаа пред вратите на ЕУ без можност да ги почнат преговорите за кои ги исполнија сите услови. Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Македонија на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија. 

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе